Од 27 до 29 ноември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство 2027 за ракометарки до 17 години.
Женската кадетска репрезентација на Македонија, во рамки на групата Б, ќе ги одмери силите со селекциите на Косово, Литванија и Грција.
Спортска сала „Расадник“ – Скопје
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
27.11.2026 (петок)
16:00 | Литванија – Грција
18:30 | Македонија – Косово
28.11.2026 (сабота)
16:00 | Косово – Грција
18:30 | Македонија – Литванија
29.11.2026 (недела)
16:00 | Литванија – Косово
18:30 | Грција – Македонија
Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на официјалната платформа EHFTV.
ВЛЕЗОТ ЗА СИТЕ НАТПРЕВАРИ Е СЛОБОДЕН!
Ги повикуваме сите љубители на ракометот да ги исполнат трибините и да им дадат силна поддршка на нашите млади репрезентативки во борбата за пласман на Европското првенство!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!








