Денес, 19 октомври 2026 година во хотел „Three Corner“ во Скопје, се одржа собирот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, во пресрет на претстојните репрезентативни предизвици и настапот на Европското првенство 2026.
Нашите ракометарки во претстојниот период ги очекува меѓународен турнир во Турција, кој ќе претставува дел од подготовките за Европското првенство.
Меѓународен турнир во Турција | 27–29 ноември 2026
Распоред на натпревари:
27.11.2026 | 18:45 часот: Македонија – Финска
28.11.2026 | 16:30 часот: Италија – Македонија
29.11.2026 | 18:45 часот: Турција – Македонија
ХФ ЕУРО 2026 | Клуж-Напока, Романија
По завршувањето на турнирот во Турција, македонската репрезентација ќе го продолжи својот пат кон Европското првенство 2026, каде што во групната фаза ќе се соочи со селекциите на Швајцарија, Романија и Норвешка.
Распоред на натпревари:
04.12.2026: Македонија – Швајцарија
06.12.2026: Македонија – Романија
08.12.2026: Македонија – Норвешка
Претстојните натпревари ќе бидат од особено значење за нашата репрезентација, со цел што подобра подготовка и достојно претставување на Македонија на европската ракометна сцена.
Со среќа на нашите ракометарки во претстојните предизвици!







