Машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди пласман во ТОП 16 на Европското првенство во Србија и ќе продолжи да се натпреварува за пласман од 9. до 16. место.
Со овој успех, нашите кадети го обезбедија опстанокот во елитната дивизија на европскиот ракомет, а воедно изборија и пласман на младинското Европско првенство 2028.
Нашата репрезентација го освои второто место во својата група од разигрувањето и како најдобропласирана второпласирана селекција обезбеди место меѓу најдобрите 16 репрезентации на шампионатот.
Честитки за нашите ракометари и стручниот штаб за досегашните одлични настапи!






