Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека машката кадетска репрезентација на Македонија денес, 06.07.2026 година, со почеток од 19:00 часот, во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје го одржа собирот, со што официјално започнаа подготовките за претстојното Европско првенство.
Подготовките ќе се реализираат од 6 до 8 јули во Скопје, по што репрезентацијата на 8 јули ќе замине на подготовки во Австрија, каде ќе престојува до 15 јули. Потоа, кадетите се враќаат во Скопје.
Во рамките на подготовките, нашите кадети ќе одиграат и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Грција на 18 јули во 18:00 часот и на 19 јули од 12:00 часот.
Македонија ќе настапи на Европското првенство, кое ќе се одржи во Белград, Србија, каде во групната фаза ќе ги одмери силите со:
29 јули: Македонија – Словенија (12:00 часот)
30 јули: Македонија – Франција (12:00 часот)
1 август: Македонија – Шведска (терминот ќе биде дополнително одреден).
Среќно момци!






