РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ВО РАКОМЕТ НА ПЛАЖА ГО ЗАВРШИ НАСТАПОТ НА ТУРНИРОТ ВО ПОЛСКА

Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа го заврши настапот на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска, освојувајќи го четвртото место.

Во натпреварот за третото место, македонските репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови.

Резултат по сетови:

Македонија – Чешка 20:26

Македонија – Чешка 13:22

Со настапот во Плоцк, македонската репрезентација доби значајно меѓународно искуство и уште една можност за натпреварување со квалитетни европски селекции.

Честитки до селекторот г-дин Наум Бабачев, стручниот штаб и репрезентативците за прикажаната борбеност и ангажман на турнирот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email