ПРИЈАВА НА ЕКИПИ ВО НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2026/2027

Ве информираме дека согласно Член 5 од Правилникот за издавање на дозвола за учество во натпреварувачка сезона во систем на натпревари при Ракометна Федерација на Македонија, крајниот рок за пријавување на екипите за учество во систем на натпреварување за сезона 2026/2027 е до 30.06.2026 година.

За пријавање на екипа потребно е да се достават следните документи:

  • Пријава (образец) за учество во лига со потпис и печат од овластено лице
  • Решение за вршење дејност спорт издадено од Aгенција за млади и спорт
  • Тековна состојба од централен регистар, не постар од 3 месеци
  • Поднесена завршна сметка за фискална 2025 година (согласно член 9-б од закон за Спорт).

Пријавата за учество во натпреварувачка сезона, клубот ја поднесува до Комисија
за лиценцирање, Натпреварувачка комисија и до Координаторот на лигата.

Координатори на лиги:

Генерации:

МЛАДИНСКА МАШКА / ЖЕНСКА – 2008 и помлади

КАДЕТСКА МАШКА / ЖЕНСКА – 2010 и помлади

ПИОНЕРСКА МАШКА / ЖЕНСКА – 2012 и помлади

*Ве информираме дека минималната годишна возраст за натпреварување е 12 години

ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ / ПИОНЕРКИ – 2014 и помлади

(пријавата за оваа категорија е да се има увид колку екипи со ракометари/ки би се пријавиле, со цел да се организираат турнирски натпревари)

Напомена:
Да се користат формуларите кои се поставени на сајтот на РФМ.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email