МАКЕДОНИЈА И ГРАДОТ СКОПЈЕ ДОМАЌИНИ НА СВЕТСКОТО МЛАДИНСКО РАКОМЕТНО ПРВЕНСТВО (U21) ВО 2027 ГОДИНА

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на IHF Men’s Junior (U21) World Championship, кое ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година.

На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена.

Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани.

Воедно, изразуваме благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста Македонија повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email