По предлог од страна на Генералниот Секретар на РФМ г-дин Влатко Тасевски и по барање на клубовите од одржаната конференција на клубови, на ден 20.06.2025 година, Управниот одбор на 14.07.2025 ја донесе следната
ОДЛУКА:
Од сезона 2025/2026, се формира нов систем на натпреварување во женската ракометна лига.
Првите 8 (осум) екипи согласно пласманот од натпреварувачка сезона 2024/25 ќе се натпреваруваат во Супер женска ракометна лига, останатите 7 (седум) екипи ке се натпреваруваат во Прва женска ракометна лига.
Екипите ке се натпреваруваат во дво-кружен бод систем (2х домаќин, 2х гостин) вкупно 28 кола во двете лиги.
Со тоа се зголемува бројот на квалитетни натпревари и ривалитетот на екипите со приближно ист квалитет што доведува до подобрување и подигнување на квалитетот на женската ракометна лига.
Со почит, Ракометна Федерација на Македонија