Ѓорче Петров ЖРК е шампион во пионерска женска лига

Ѓорче Петров ЖРК е шампион во пионерска женска лига

Екипата на Ѓорче Петров ЖРК е шампион во пионерска женска лига за сезона 2021/2022.

Денес во Скопје во салата Христо Батанџиев се одиграа полуфиналните и финалните натпревари. Екипи кои учествуваа во пионерскиот Ф4 беа екипите на РК Деспина, РК Скопје 2020, ЖРК Стружанка и Ѓорче Петров ЖРК.

Пионерскиот женски Ф4 започна со првиот полуфинален натпревар ЖРК Деспина – РК Скопје 2020. Натпреварот заврши нерешено во регуларниот дел 14:14 (06:04 на полувреме), а по изведувањето на пенали, поуспешна беше екипата на ЖРК Деспина.

Вториот полуфинален натпревар беше помеѓу екипите на Ѓорче Петров ЖРК и ЖРК Стружанка, а победник во овој дуел беше домаќинот Ѓорче Петров ЖРК со резултат 17:09 (11:03).

Натпреварот за 3-то место се одигра помеѓу екипите на РК Скопје 2020 и ЖРК Стружанка. Екипата на РК Скопје 2020 беше поуспешна во овој натпревар со резултат 19:17 (10:08).

Во финалето се сретнаа екипите на ЖРК Деспина и Ѓорче Петров ЖРК. Екипата на Ѓорче Петров ЖРК ја одбрани титулата во пионерска женска лига. Ѓорче Петров ЖРК во финалето ја победи екипата на ЖРК Деспина со резултат 25:14.

Конечен пласман на Ф4:
1. ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
2. ЖРК ДЕСПИНА
3. РК СКОПЈЕ 2020
4. ЖРК СТРУЖАНКА

По завршување на натпрварот беа доделени и индивидуалните признаниа:

МВП
Стефани Ристиќ-РК СКОПЈЕ 2020
Најдобар стрелец
Јана Петровска-ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
Најдобар голман
Зорица Хасановска- ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024