Кадетките втори во Никшиќ, Владева е најдобар голман

Кадетките втори во Никшиќ, Владева е најдобар голман

Репрезентацијата на Македонија за ракометарки до 17 години го освои второто место на пријателскиот турнир во Никшиќ, кој го организираше домашниот клуб Левалеа.

Нашите девојки забележаа две победи и двапати одиграа нерешено, што не беше доволно да се стигне првопласираниот Будуќност.

Репрезентацијата предводена од Јулија Црвенковска го совлада домашниот Левалеа и Младост, додека одиграа нерешено со Будуќност (15-15) и со Бар. На последниов меч нашата селекција имала предност од 10-6 на полувреме, сепак не успеала да победи.

За најдобар играч на турнирот е прогласена македонската репрезентативка, Јована Владева. Оваа наша селекција се подготвува за Европското првенство кое од 13 до 23 август ќе се одржува во Скопје.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Сезона 2025/2026

ПРВОТО полагање за Лиценца и за Категорија ке биде одржано на: -14.06.2025 (сабота) во Општина БИТОЛА во 12:00 h. -15.06.2025 (недела) во просториите