Ракометната Федерација на Македонија Ве известува дека по повод претстојниот квалификационен натпревар помеѓу националните селекции на Македонија и Франција за ЕП2016 Полска, на 28.04.2015 (вторник) ќе се одржи прес-конференција во конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 12 часот.
Натпреварот ќе се одигра на 29.04.2015 (среда) во 20:15 ч.
Претставниците на медиумите кои согласно процедурата имаат поднесено барање за акредитација, истата треба да ја подигнат пред почетокот на утрешната прес-конференција.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија