Македонските младинска ракометна репрезентација не успеа да остварат победи на денешните натпревари на турнирот во Бугојно.
Во утринскиот меч со Полска, загубивме со 22-26, а во вечерниот, во дрматичен натпревар, примивме гол во последната секунда на дуелот со БИх, и загубивме со 33-34.
На тој натпревар со БиХ, ракометарите на Македонија имале и два гола предност во финишот, но не успеале да ја додржат концентрацијата и дозволиле Босанците да направат серија и да им ја украдат победата. В. д. селекторот Влатко Неделковски имал хендикеп со тоа што не можел да смета на голманот Никола Кизиќ, но и на Горан Крстевски кој среде натпревар се здобил со повреда на препоните.
Македонија – БиХ 33-34
Македонија: Трпевски, Велковски 9, Давитковски, Ставридис, Апостоловски, Кузмановски 9, Крстевски 1, Ончев, Огњановски, Левковски, Димовски 4, Палевски 1, Мирчев 2, Маркудов 7, Арсеновски.
Македонија – Полска 22-26
Македонија: Трпевски, Кизиќ, Велковски 2, Давитковски 3, Ставридис, Апостоловски, Кузмановски 4, Крстевски 4, Ончев 1, Огњановски, Левковски, Димовски 1, Палевски 6, Мирчев, Маркудов 1, Арсеновски.