РК Работнички подобар од РК Прилеп во баражот за Суперлигата

РК Работнички подобар од РК Прилеп во баражот за Суперлигата

РК Работнички наредната сезона (2019/20) ќе се натпреварува во елитната Суперлига, откако во бараж натпреварот за пласман во Суперлигата, го совлада РК Прилеп со 30-38.

На средбата одиграна вчера на неутрален терен во Неготино во салата Св Кирил и Методиј, Работнички водеа во текот на сите 60 минути и заслужено стигнаа до триумфот. Работнички рано во натпреварот стигнаа до солидна предност од 1-5, а до крајот на полувремето постојано ја зголемуваше предноста и на пауза замина со 13-21.

Во второто полувреме, РК Прилеп најмногу успеа да се приближи до 6 голови негатива, а екипата на Работнички знаеше како да го задржи водството за конечен триумф од 30-38.

Записник од натпреварот

Палевски Давор со 12 голови беше најпрецизен во победничкиот тим, а 10 голови додаде Димитров Никола. Кај Прилеп, Темелковски Евгенија беше реализатор на 8 погодоци, додека Илиевски Божидар постигна 7 погодоци.

Со оваа средба се комплетираа возбудувањата во машките сениорски лиги на Македонија за сезоната 2018/19. Металург 2 и Работнички обезбедија место во Суперлигата, а екипите на ГРК Борец и РК Прилеп следната година ќе се натпреваруваат во Првата лига

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00

Информација

Почитувани, Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член