ЖРК Металург и ЖРК Вардар во финалето на Женскиот Куп

ЖРК Металург и ЖРК Вардар во финалето на Женскиот Куп

ЖРК Вардар очекувано убедливо го совлада ЖРК Пелистер за пласман во финалето, додека далеку поинтересно беше на првото полуфинале во кое пеналите му донесоа победа на ЖРК Металург против ЖРК Вардар Јуниор откако регуларниот дел од натпреварот заврши со нерешени 20-20.

Реприза на ланското финале од женскиот Куп на Македонија ќе играат ЖРК Вардар и ЖРК Металург, откако двете екипи славеа победи на денешните полуфинални средби во СЦ „Јане Сандански“ против ЖРК Пелистер и ЖРК Вардар Јуниор. Првата средба помеѓу Металург и Вардар Јуниор донесе особено интересен ракомет, со неколку пресврти и максимално изедначена завршница. Регуларниот дел од натпревар заврши со нерешени 20-20, а по изведувањето на седмерци, Металург славеше пласман во финале со победа од 26-25.

Марија Гајиќ со 11 голови кај Металург и Анастасија Николовска со 10 погодоци кај Вардар Јуниор беа најефикасни на натпреварот кој го одбележаа дури 17 седмерци (9 за Вардар Јуниор и 8 за Металург) во регуларниот дел од играта.

Конечен резултат: ЖРК Металург – ЖРК Вардар Јуниор 26-25 (20-20; 7-8) – записник од натпреварот

Во второто полуфинале, фаворизираниот ЖРК Вардар без сериозни проблеми го совлада ЖРК Пелистер за продолжување на борбата за одбрана на Куп-трофејот. Уште во првото полувреме вардарки го решија прашањето на победникот и со постигнати 29 голови, на пауза заминаа со предност од 13 голови разлика. Рутинското второ полувреме го донесе конечниот триумф од 58-27.

Три ракометарки кај Вардар завршија со двоцифрен број на постигнати голови, меѓу кои Керамичиева беше најефикасна со 16 погодоци. Саздовска и Ристовска додадоа 12, односно 10 гола. Кај Пелистер, Каранфиловска и Дабевска постигнаа по 9 погодоци.

Конечен резултат: ЖРК Пелистер – ЖРК Вардар 27-58 (16-29) – записник од натпреварот

Финалето во женскиот Куп на Македонија се игра во недела од 13:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести