Наши пријатели

Втора победа на Македонија во квалификациите за ЕП 2020

SP 2019 (rakomet) Makedonija-Chile 20.01.2019-9743

Вечерва забележана втората победа на Македонската сениорска репрезентација против репрезентацијата на Исланд. Во еуфорична атмосфера, преполна сала се одигра натпреварот помеѓу Исланд и Македонија во Рејкјавик.

Исланд имаше водство во поголем дел од првото полувреме. Поведоа со 5-2, 8-4, 12-9, но Македонија со серија од 4-0 го презема водството (13-12). До крајот на првиот дел се играше израмнето, на полувреме се замина со резултат 17-17.

Македонскиот тим во вториот дел во еден период одново беше во минус (20-22), но успеавме да се вратиме. Во последните десет минути имавме водство од 26-24, но домашните стигнаа до израмнување, 28-28 и потоа продолжи игра гол за гол во која и Исланд имаше предност.

На 11 секунди пред крај на натпреварот за Македонија беше досуден седмерец. Манасков го промаши, односно Густавсон одбрани, но топката одново се одби до Манасков, а од втора шанса беше прецизен и ни донесе победа (33-34).

Следен натпревар од квалификацискиот циклус за ЕП 2020 е против репрезентацијата на Исланд на 14.04.2019 г. (недела) во 20:00 часот.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright