Лино Червар повика 24 ракометари на подготовките во Маврово

Лино Червар повика 24 ракометари на подготовките во Маврово

Селекторот на Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар повика 24 ракометари за припремите и подготовките на репрезентација за настап на СП 2017, што ќе се одржат во Маврово.

Нашите ракометари во Маврово ќе работат во периодот од 20 до 30 декемви, а потоа подготовките ќе ги продолжат во Скопје каде ќе одиграат и пријателски средби против Босна и Херцеговина пред заминувањето за Франција.

Селекторот Лино Червар, за подготовките во Маврово ги повика следните ракометари:

Благојче Трајковски, Даниел Ѓорѓески, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Стефан Дрогришки, Велко Маркоски, Мартин Поповски, Бојан Маџовски, Марко Нелоски, Филип Миркуловски, Мартин Велковски, Ласко Андоновски, Ристо Арнаудовски, Мартин Манасков, Кирил Колев, Јовица Младеновски.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

Поаѓањето за Маврово од Скопје е предвидено за вторник (20.12.2016) од 09:30 часот од пред канцеларијата на РФМ.

Светското Првенство во Франција почнува на 11 јануари, а Македонија својот прв натпревар од групата го игра против Тунис на 12 јануари во градот Мец. Во рамки на групната фаза, нашата репрезентација ќе се сретне уште со селекциите на Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести