Сениорките во вториот шешир за извлекување на бараж натпревари за СП 2019 во Јапонија

Сениорките во вториот шешир за извлекување на бараж натпревари за СП 2019 во Јапонија

Женската сениорска репрезентација на Македонија по успешниот квалификациски циклус обезбеди бараж натпревари за пласман на СП 2019 во Јапонија.

Репрезентацијата на Македонија е дел од вториот шешир а ке игра против репрезентација од првиот шешир.

Репрезентации во прв шешир: Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска.

Репрезентации во втор шешир: Австрија, Хрватска, Чешка, Полска, Белорусија, Исланд, Македонија, Швајцарија и Словачка.

Извлекувањето е закажано на 15.12.2018 во 16:30 часот во Акорхотел арената во Париз, со пренос во живо на официјалната веб страна на EHF EURO 2018.

Првиот бараж натпревар ќе се одигра во период меѓу 31.05.2019 – 02.06.2019 година, додека реванш натпреварот се во период од 04.06.2019 до 06.06.2019 година.

Репрезентациите на Холандија, Романија и Русија, заедно со домаќинот Јапонија и актуелниот светски шампион Франција обезбедија учество на СП 2019.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на