Наши пријатели

Сениорките во првиот шешир за извлекувањето на претквалификациските групи за СП 2021

мкд жени 1

Женската сениорска репрезентација е дел од првиот шешир за претстојното извлекување на претквалификациските групи за СП 2021 во Шпанија што ќе се одржи во период од 01 – 19 декември 2021 година.

Извлекувањето на квалификациските групи за СП 2021 е закажано на 08.07.2020 во Виена со почеток во 15:00 часот.

Термините на одигрување на натпреварите се од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември. Ќе се формираат пет групи (две со по четири, три со по три селекции), а прво и второпласираните обезбедуваат место во баражот.

Шешир 1: Македонија, Австрија, Белорусија, Словачка, Турција
Шешир 2: Украина, Италија, Исланд, Швајцарија, Португалија
Шешир 3: Литванија, Ф. Острови, Косово, Израел, Финска
Шешир 4: Грција, Луксембург

Извлекувањето може да се проследи во живо на YouTube ( https://www.youtube.com/watch?v=0cjVNmEqaxY )

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright