Сениорките обезбедија бараж натпревар за СП 2019 во Јапонија

Вечерва во СЦ Борис Трајковски женската сениорска репрезентација ја оствари третата победа во групата, со оваа победа е обезбеден бараж натпреварот за СП 2019 во Јапонија.

Сениорките беа поуспешни од репрезентацијата на Турција со конечен резултат 30:23, на полувреме 16:10.

Цврстата игра во одбараната и успешната реализација во нападот во текот на целиот натпревар овозможија победа за нашата женска репрезентација.

Сара Ристовска со 9 погодоци ја предводеше листата на стрелци пред Јована Саздовска која постигна 6 погодоци, додека за репрезентација на Турција по 5 погодоци постигнаа Гул Боздоган и Бејза Туркоглу.

Официјален записник од натпреварот.

Противникот на Македонија односно извлекувањето за бараж натпреварите ќе биде познат на 16 декември .

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email

Останати вести