Наши пријатели

Сениорките ги добија противниците за Квалификациите за ЕП 2020

македонија жени

Сениорската женска репрезентација на Македонија ќе игра во група со Шведска, Чешка и Португалија во квалификациите за пласман на Европското Првенство во Данска и Норвешка.

Денеска во Копенхаген се одржа извлекувањето за квалификациските групи. Македонија беше извлечена од третиот шешир во Групата 5 заедно со селекциите на Шведска, Чешка и Португалија, во ситуација каде двете најдобро-пласирани селекции обезбедуваат учество на ЕП.

Квалификациски Групи За Пласман На ЕП 2020:

Група 1: Победник од квалификации 1, Австрија, Шпанија, Холандија
Група 2: Литванија, Италија, Унгарија, Црна Гора
Група 3: Косово, Белорусија, Словенија, Германија
Група 4: Швајцарија, Словачка, Србија, Русија
Група 5: Португалија, Македонија, Чешка, Шведска
Група 6: Исланд, Турција, Хрватска, Франција
Група 7: Фарски Острови, Украина, Полска, Романија

Термини на одигрување на натпреварите:

1 коло: 25/26 септември 2019
2 коло: 28/29 септември 2019
3 коло: 25/26 март 2020
4 коло: 27/28 март 2020
5 коло: 27/28 мај 2020
6 коло: 31 мај 2020

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright