Наши пријатели

Сениорите во вториот шешир за извлекувањето на квалификациските групи за ЕП 2022

EHF EURO 2020 (rakomet) Makedonija-Avstrija 14.01.2020-6831

Машката сениорска репрезентација е дел од вториот шешир за претстојното извлекување на квалификациските групи за ЕП 2022 во Унгарија и Словачка.

Извлекувањето на квалификациските групи за ЕП 2022 е закажано на 16.06.2020 во Виена.

Вкупно 32 репрезентации ќе учествуваат во квалификациите, а пред извлекувањето се поделени во 4 шешири.

Директен пласман на ЕП 2022 обезбедија репрезентациите на Унгарија (домаќин), Словачка (домаќин), Хрватска и Шпанија (финалисти на ЕП 2020), додека 32 репрезентации ќе се борат за преостанатите 20 слободни места за ЕП 2022.

шешир 1: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд
шешир 2: Австрија, Белорусија, Португалија, Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија
шешир 3: Швајцарија, Литванија, Романија, Босна и Херцеговина, Украина, Летонија, Полска, Белгија
шешир 4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови

Извлекувањето за ЕП 2022 ќе може да се проследи во живо на Facebook EHF EUR или на YouTube EHF EURO (https://www.youtube.com/watch?v=rPTH6qs8MtI)

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright