Наши пријатели

Ракометна Федерација на Македонија организира младински меѓународен ракометен турнир

MKD6LUX

Во рамките на своите програмски определби за стратешки континуиран развој на младинските категории, Ракометната федерација на Македонија во период од 17ти до 21ви Декември 2018 година ќе организира меѓународен ракометен турнир за родени 2000-та година и помлади.

Меѓународниот турнир ќе се одржи во спортската сала Автокоманда каде своето учество го потврдија и селекциите на: Полска, Унгарија, Србија и Црна Гора.

Младите надежи на Република Македонија ќе настапат со две селекции во категорија за родени 2000-та година и помлади, селектирани од селекторот г-дин Данило Брестовац.

Распоредот на натпревари е следен:

 18.12.2018  

09:30                     Mакедонија A – Mакедонија Б

11:00                     Полска – Црна Гора

12:30                     Унгарија – Србија

17:00                     Mакедонија A – Црна Гора

18:30                     Унгарија – Македонија Б

20:00                     Србија – Полска

19.12.2018

09:30                     Mакедонија Б – Србија

11:00                     Mакедонија A – Полска

12:30                     Црна Гора – Унгарија

17:00                     Mакедонија Б – Црна Гора

18:30                     Mакедонија A – Србија

20:00                     Полска – Унгарија

20.12.2018

09:30                     Србија – Црна Гора

11:00                     Полска – Македонија Б

12:30                     Унгарија – Mакедонија A

 

Меѓународниот турнир е организиран како дел од припремниот период за претстојното Светско првенство до 19 години во машка категорија, кое ќе се одржи во Скопје, Р.Македонија во период од 05ти до 18ти Август 2019 година.   

Влезот за претстојните натпревари во спортската сала Автокоманда е слободен. Ве  покануваме заедно да ги проследиме натпреварите.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright