Победа на Младинките против Бугарија

Победа на Младинките против Бугарија

Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија денеска на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Бугарија забележа победа со резултат 31:23, на полувреме 14:8.

Натпреварот се одигра во салата Автокоманда во пријателска атмосфера.

Репрезентацијата одигра одлично прво полувреме, цврстата игра во одбраната и ефикасноста во нападите и донесоа резултатска предност од 6 погодоци. Во второто полувреме репрезентацијата ја одржуваше својата предност за конечни 31:23 во наша корист.

Јована Кипријановска и Мила Трајковиќ беа најефикасни ракометарки со по 5 постигнати погодоци, додека за репрезентацијата на Бугарија листата на стрелци ја предводеше Марија Маслева со 7 погодоци.

Официјален записник од натпреварот

Утре со почеток во 10:00 часот се игра вториот пријателски натпревар против Бугарија со салата Автокоманда.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на