Наши пријатели

Максимална поддршка за Женската репрезентација во сабота во СРЦ „Кале“

team

Македонската женска сениорска репрезентација во сабота (10 јуни) од 20:30 часот во СРЦ „Кале“ ќе го одигра првиот натпревар од бараж-двомечот за пласман на СП 2017 против силната Шведска.

Влезот за натпреварот е слободен, па се очекува максимална поддршка од трибините за нашите репрезентативки за овој важен натпревар. Реваншот ќе се одигра во Шведска на 13 јуни.

Македонската женска сениорска репрезентација до пласман во баражот стигна со успешниот настап на Квалификацискиот турнир на Фарски Острови на кој покрај Македонија и домаќинот, настапија уште Исланд и Австрија.

Во склоп на подготовките за баражот, Македонија одигра три контролни натпревари против Русија, Литванија и Турција на меѓународниот турнир во Анталија (повеќе за турнирот).

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright