Наши пријатели

Македонија во група со Данска, Швајцарија и Финска во Квалификациите за ЕП 2022

ЕП2022

Сениорската машка репрезентација на Македонија ќе игра во група 7 против репрезентациите на Данска, Швајцарија и Финска во квалификациите за пласман на Европското Првенство кое ќе се одржи во период од 13 – 30 Јануари 2022 во Унгарија и Словачка.

Во Виена се одржа извлекувањето за квалификациските групи. Македонија беше извлечена од вториот шешир во Групата 7 заедно со селекциите на Данска, Швајцарија и Финска. Пласман на ЕП обезбедуваат првите две репрезентации од сите групи, како и четири најдобро рангирани репрезентации кои ќе завршат на третото место во групата.

Квалификациски групи за пласман на ЕП 2022:

Група 1: Франција, Србија, Белгија, Грција
Група 2: Германија, Австрија, Босна и Херцеговина, Естонија
Група 3: Чешка, Русија, Украина, Фарски Острови
Група 4: Исланд, Португалија, Литванија, Израел
Група 5: Данска, Холандија, Полска, Турција
Група 6: Норвешка, Белорусија, Летонија, Италија
Група 7: Данска, Македонија, Швајцарија, Финска
Група 8: Шведска, Црна Гора, Романија, Косово

Термини на одигрување на натпреварите:

1 коло: 04/05 ноември 2020
2 коло: 07/08 ноември 2020
3 коло: 10/11 март 2021*
4 коло: 13/14 март 2021*
5 коло: 28/29 април 2021*
6 коло: 02 мај 2021*

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright