Македонија поуспешна од Босна во пријателските натпревари

Македонија поуспешна од Босна во пријателските натпревари

Младинска женска репрезентација одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Натпреварите се одираа во Мостар и на двата натпревари поуспешна беше Македонската младинска репрезентација.

Во првиот натпревар што се одигра вчера во 20:00 часот, младинките ја совладаа репрезентацијата на Босна со резултат 26:32, на полувреме 14:12. Репрезентацијата на Босна одигра солидно прво полувреме, го конторлираше резултатот и играта, а на полувреме заминаа со два гола предност. Во второто полувреме младинките на Македонија со цврстата игра во одбраната и ефикасноста во нападите успеаа да стигнат до победа од шест погодоци 26:32.

За Македонија најефикасна ракометарка беше Тасевска Марија со девет погодоци, потоа Кипријановска Јована со шест погодоци, а за репрезентацијата на Босна најефикасна беше Борач Анџела со седум погодоци.

Денес се одигра и вториот пријателски натпревар помеѓу младинските репрезентации на Македонија и Босна и Херцеговина. Младинките беа поуспешни од репрезентацијата на Босна со конечен резултат 30:28, на полувреме 15:12.

Македонија ги контролираше случувањата на теренот и резултатот во средбата. Во вториот дел од првото полувреме, нашите ракометарки стигнаа и до првото посериозно водство, кое на паузата гласеше 15-12. Продолжија со истиот интензитет и во второто полувреме, за на крај резултат да гласи 30:28 за Македонија.

Листата на стрелци ја предводеше Механович Илма со осум постигнати погодоци, потоа Солдо Андреа со седум погодоци за репрезентацијата на Босна, додека за Македонија најефикасна ракометарка е Калајџиевска Јана со седум погодоци, Трпевска Ивона постигна шест погодоци.

Младинската репрезентација на Македонија во период од 15.07 до 21.07.2019 ќе настпаи на EHF W19 2019 Шампионатот во Клаипеда, Литванија.

Македонија е во групата Б заедно со репрезентациите на Грузија, Швајцарија и Литванија.

Распоред на натпревари:

15.07.19   17:00 часот   Македонија – Грузија

16.07.19   17:00 часот   Швајцарија – Македонија

18.07.19   19:00 часот   Литванија – Македонија

 

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024