Наши пријатели

Кадетите и Јуниорите ги дознаа своите противници за претстојните ЕХФ Шампионати во 2020 година

ждреб

Кадетската машка ракометна репрезентација, денеска на извлекувањето во ЕХФ канцелариите во Виена ги доби своите противници за М18 ЕХФ Шампионатот што ќе се одржи во Скопје во период од 17 до 23 август,  ќе учестуваат 8 репрезентации поделени во две групи по четири репрезентации.

Македонија имаше привилегија да одбере во која група ќе настапи на М18 ЕХФ Шампионатот, ја одбра групата А во која ќе се сретнат против репрезентациите на Полска, Естонија и Грција.

ЕХФ М18 Шампионат во Македонија:

Група А: Полска, Македонија, Естонија и Грција

Група Б: Швајцарија, Украина, Грузија и Босна и Херцеговина

Победникот на М18 ЕХФ Шампионатот обезбедува директен пласман на ЕХФ ЕУРО М18 и ЕХФ ЕУРО М20 во 2020 година.

Јуниорската репрезентација на Македонија, денеска на извлекувањето во ЕХФ канцелариите во Виена ги доби противнците во групата за М20 ЕХФ Шампионатот што ќе се одржи во Латвија, во периот од 03 до 12 јули во 2020 година.

Јуниорската репрезентација е во групата Б заедно со репрезентациите на Белорусија, Луксембург, Бугарија и Косово.

ЕХФ М20 Шампионат во Латвија:

Група А: Романија, Турција, Грузија, Латвија, Велика Британија и Белгија

Група Б: Белорусија, Македонија, Луксембург, Бугарија и Косово.

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright