Наши пријатели

Фото: Тренинг на машката сениорска репрезентација

Тренинг2

Машката сениорска репрезентација на Македонија со чартер лет од Скопје утринава пристигна во Ескишехир, за настап на утрешниот меч против Турција од квалификациите за ЕП 2020.

Селекторот Данило Брестовац, заедно со 16-те играчи на кои ќе смета за мечот, денеска ќе ги одработат последните подготовки во салата каде утре од 18:00 часот по македонско време ќе го одиграат натпреварот против репрезентацијата на Турција.

Македонија и Исланд имаат по 5 освоени бодови во досегашните 4 средби, додека репрезентацијата на Турција е на третата позиција на табелата со 4 бодови, потоа Грција со 2 бода. По средбата во Ескишехир, Македонија последното коло од квалификациите ќе го одигра во недела (16 јуни) против Грција во Струмица. Во првата средба помеѓу Македонија и Турција играна во Битола во октомври 2018, Македонија славеше со 31-27.

Тренинг13 Тренинг11 Тренинг9 Тренинг6 Тренинг1 Тренинг3

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright