Наши пријатели

Дамчевска го објави списокот на младинската репрезентација за ЕХФ неделата

mladinki

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави списокот на повикани ракометарки за претстојната ЕХФ недела. Во рамки на ЕХФ неделата младинките ќе одиграат два подготвителни натпревари против младинската репрезентацијата на Бугарија за претстојниот Европски Шампионат во Литванија.

Список на ракометарки

Првиот натпревар ќе се одигра на датум 01.06.2019 во 16:00 часот во спортската сала „Автокоманда”, ден подоцна на 02.06.2019 со почеток во 11:00 часот во спортската сала „Автокоманда” ќе се одигра и вториот натпрвар.

Натпреварите се од отворен карактер, влезот во салата е слободен.

Собирот е закажан за ден 27.05.2019 (понеделик) со почеток во 15:30 часот во Спортска сала „Автокоманда” во Скопје.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright