Женската репрезентација на Македонија е дел од групата Б на претстојното ЕХФ ЕУРО 2026, заедно со селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија.
ЕХФ ЕУРО 2026 за првпат ќе се одржи во пет држави: Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.
Нашата сениорска женска репрезентација своите натпревари ќе ги одигра во Клуж-Напока.
Европското првенство ќе се одржи во периодот од 3 до 20 декември 2026 година.


Извлекувањето може да се следи на официјалниот YouTube канал на EHF (https://www.youtube.com/watch?v=j6L53w2PCdE) и на EHFTV (https://ehftv.com/).







