На 17 мај, пред натпреварот Македонија – Словачка, за првпат организираме целодневен ракометен настан за сите генерации!
Од 13:00 часот ќе започне и МИНИ РАКОМЕТЕН ТУРНИР со 20 екипи составени од деца родени 2016/2017 и помлади.
Од 14:00 часот, просторот пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде исполнет со:
– Fan zone
– Музика и забава
– Ракометни активности
– Подароци и изненадувања
– Дружење со вистинска навивачка атмосфера
А од 19:00 часот — сите заедно за Македонија во најважниот натпревар!
17 мај нека биде празник на македонскиот ракомет!







