Влезниците за Македонија – Украина од понеделник во продажба

Влезниците за Македонија – Украина од понеделник во продажба

Квалификацискиот натпревар за ЕП 2018 помеѓу Македонија и Украина ќе се одигра во ВИП Арена „Борис Трајковски“ на 2 ноември (среда) со почеток од 18:30 часот. Продажбата на влезниците за овој натпревар ќе почне од понеделник (24 октомври) во продажната мрежа на МК Тикетс.

Влезниците ќе се продаваат по цена од 50 денари (горни трибини) и 100 денари (долни трибини – партер) и ќе може да се набават на следните продажни места:

Скопје: Југотон, Tobacco 2, Tobacco Југодрво, MPM Tobacco (плоштад), Гоги Драчево, Универзална сала, Нептун (стадион), Нептун (City Mall), Нептун (Аеродром)
Охрид: New Tobacco
Во салоните на Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани, Штип и Прилеп.

Влезници за натпреварот Македонија – Украина ќе може да се резервираат и online на www.karti.com.mk и www.mktickets.mk

Натпреварот помеѓу Македонија и Украина ќе го отвори квалификацискиот циклус за ЕП 2018 година што ќе се игра во Хрватска. Во нашата квалификациска група се наоѓаат уште селекциите на Исланд и Чешка.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации