Македонските клубови избегнаа меѓусебна пресметка во четврт-финалето од лигата на шампионите. Ждрепката во Виена реши Вардар му игра со Флензбург, додека Металург го доби Кил. Ова значи отпадна варијантата за загарантирано место за во фајналфор-турнирот за една македонска екипа, но истовремено значи дека имаме две шанси за пласман во Келн.
На првите натпревари, од 16 до 20 април Металург ќе биде домаќин, а Вардар гостин, а на вторите, од 23 до 26 април ќе биде обратно.
1/4-ФИНАЛНИ ДВОЈКИ
Флензбург – Вардар
Металург – Кил
Рајн-Некар – Барселона
ПСЖ – Веспрем
Повеќе информации и изјави од ждрепката на следните линкови