Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објавува списокот на ракометарки повикани за подготовките за Квалификациските натпревари за ЕП 2016 против Црна Гора и Хрватска.
За првиот собир кој е закажан за 28 мај (сабота) во СРЦ Кале со почеток од 09:30 часот, Симовски повика 17 ракометарки. Според распоредот на натпревари, против Црна Гора ќе играме во Скопје на 2 јуни, додека на 5 јуни нашата женска репрезентација ќе гостува во Риека на селекцијата на Хрватска.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ
Голмани:
1. Наташа Антиќ
2. Драгана Петковска
3. Матеја Серафимова
4. Нина Ладева
Крила:
5. Јована Саздовска
6. Сара Митова
7. Наташа Нолевска
8. Сара Ристовска
Бекови:
9. Дајана Јовановска
10. Теодора Керамичиева
11. Андреа Белеска
12. Елена Ливриниќ
13. Симона Стојановска
14. Елена Ѓорѓијевска
Пикери:
15. Марија Николиќ
16. Ивана Гакидова
17. Стефанија Мишевска