Совладан и Алжир, Македонија е меѓу осумте најдобри во Светот!

Совладан и Алжир, Македонија е меѓу осумте најдобри во Светот!

Ниту осум-илјадната публика во салата во Алжир не им попречи на нашите млади ракометари да испишат нова страница во Македонската спортска историја. Со победа над Алжир од 24-20, Македонија за прв пат во историјата на колективните спортови во машка конкуренција обезбеди место меѓу осумте најдобри репрезентации во Светот.

Се играше тесен и изендначен натпревар, во кој сепак Македонија постојано делуваше како да ја има контролата. И покрај тоа што во самиот прв напад доживеавме хендикеп со тоа што Марко Нелоски мораше да го напушти теренот поради повреда, предводени од одличните одбрани на Никола Даниловски и погодоците на Талески, Арсеновски, Велковски, Шилегов и Кузмановски, во првата половина од првото полувреме имавме два гола предност. Следуваше серија на Алжир од 5-1 со која прв пат домаќините стигнаа до водство, кое успеаја до крајот на полувремето да го задржат за минимална позитива на паузата од 11-10.

Во второто полувреме Темелковски повторно се соочи со проблеми поради повреди, Арсеновски и Крстевски мораа да го напуштат теренот за да им се укаже лекарска помош, но уште до 40-тата минута направивме пресврт и поведовме со 15-13. Алжир повторно врза два гола во серија и изедначи, сепак тоа беше последното изедначување на домаќинот. Капитенот Филип Талески ја превзема реализацијата под своја контрола, постигна четири од следните шест гола за Македонија и заедно со Палевски кој ги постигна останатите два, донесоа веќе недостижна предност за Македонија. Мартин Томовски бранеше одлично во тој период од натпреварот, а на две минути до крај Лазаревски, кој одлично го искористи отсуството на Арсеновски, постигна гол за 22-18, по што беше јасно дека Македонија ќе стигне до посакуваното четвртфинале. Рутинската завршница ги донесе конечните 24-20.

Со оваа победа, Македонија се пласираше меѓу најдобрите осум во Светот, во друштво на Франција, Тунис, Русија, Данска, Германија, Унгарија и Шпанија. Интересно е што во најдобрата „осумка“ се наоѓаат сите четири екипи што играа во Групата Ц чиј дел беше и Македонија.

Веќе утре се игра четвртфиналето, а противник на Македонија ќе биде првиот фаворит за златниот медал, селекцијата на Франција. Натпреварот почнува од 19:30 часот по македонско време.

Инсерти од славјето на нашите ракометари по натпреварот:

Повеќе видеа на: https://www.facebook.com/rfmofficial

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00

Информација

Почитувани, Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член