Почитувани,
Согласно член 23, 28, 30, 32 и 34 од Статутот на Ракометната Федерација на Македонија, Управниот Одбор на ден 07.12.2020 година донесе Одлука, согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.), за одредување на датум и место за одржување на Редовно (Изборно) Собрание на Ракометна Федерација на Македонија на ден 31.01.2021 година во Скопје.
Дневниот ред и дополнителни материјали за одржување на седницата на Собранието ќе бидат доставени до сите делегати согласно рокот предвиден со Статутот на Ракометна Федерација на Македонија.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија