РК Работнички наредната сезона (2019/20) ќе се натпреварува во елитната Суперлига, откако во бараж натпреварот за пласман во Суперлигата, го совлада РК Прилеп со 30-38.
На средбата одиграна вчера на неутрален терен во Неготино во салата Св Кирил и Методиј, Работнички водеа во текот на сите 60 минути и заслужено стигнаа до триумфот. Работнички рано во натпреварот стигнаа до солидна предност од 1-5, а до крајот на полувремето постојано ја зголемуваше предноста и на пауза замина со 13-21.
Во второто полувреме, РК Прилеп најмногу успеа да се приближи до 6 голови негатива, а екипата на Работнички знаеше како да го задржи водството за конечен триумф од 30-38.
Палевски Давор со 12 голови беше најпрецизен во победничкиот тим, а 10 голови додаде Димитров Никола. Кај Прилеп, Темелковски Евгенија беше реализатор на 8 погодоци, додека Илиевски Божидар постигна 7 погодоци.
Со оваа средба се комплетираа возбудувањата во машките сениорски лиги на Македонија за сезоната 2018/19. Металург 2 и Работнички обезбедија место во Суперлигата, а екипите на ГРК Борец и РК Прилеп следната година ќе се натпреваруваат во Првата лига