РФМ со посебна благодарност до супер амбасадорите на Македонскиот спорт Начевски и Николов

РФМ со посебна благодарност до супер амбасадорите на Македонскиот спорт Начевски и Николов

Високо почитувани во светските ракометни кругови, македонските ракометните судии и делегати претставуваат посебна додадена вредност на македонскиот ракомет. Нивната постојана вклученост во врвот на меѓународните натпреварувања е доказ за квалитетот кој оваа фела го поседува а „Ракометната Федерација на Македонија“ настојува континуирано да ја подржува и унапредува нивната работа.

„За нас како Федерација беше особена чест што довербата за делењето правда на финалниот ракометен меч на ЛОИ во Токио беше доделена токму на македонските судии Начевски и Николов, кои со предизвикот се износеа достоинствено и максимално професионално. Како вистински супер-амбасадори на македонскиот спорт, на неколку наврати на големите ракометни арени, овој судиски пар ја покажа и докажа својата експертиза, заради што ние како матична федерација одлучивме симболично да им се заблагодариме. Јас лично, искрено им посакувам нивната успешна приказна да продолжи!“ – изјави Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов.

Начевски и Николов за својот придонес во промовирањето и афирмацијата на македонскиот ракомет на големите натпреварувања добија симболични благодарници а Управниот одбор на РФМ донесе одлука да им додели еднократна парична награда во износ од 1.000 ЕУР поединечно за учество во делење арбитража на Олимпиското финале 2021 година Токио.

Елитниот македонски судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов години наназад се дел од повеќе Европски и Светски првенства:Светско првенство Шведска (2011), Европско првенство Србија (2012),Олимпијада Велика Британија – Лондон (2012), Светско Првенство Шпанија (2013), Европско првенство во Данска (2014), Светско првенство во Катар – 1/4 финале (2015), Европско првенство во Полска – меч за 3 место (2016), Олимписки квалификации во Полска (2016),Олимпијада Бразил- Рио (2016), Светско првенство во Франција (2017), Европско првенство во Хрватска (2018), Светско првенство во Германија и Данска (2019), Европско првенство во Австрија, Шведска и Норвешка – Финале (2020),Светско првенство Египет 1/4 финале (2021) и неодамнешното Олимписко финале во Токио. На клупски план, овој судиски пар судеше Финале на Ф4 во ЕХФ Куп како и три полуфинални натпревари во Лигата на шампиони.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,