Ракометната федерација на Македонија даде поддршка на традиционалниот избор на најдобрите ракометари и ракометарки во сезоната – ALL STAR тимот, во организација на 24Ракомет.
На свечената манифестација во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, присутен беше претседателот на РФМ, Александар Стефанов, кој ги додели признанијата на личностите кои влегоа во првата генерација на „Куќа на славните“.
Честитки до сите добитници на признанијата и до организаторот за успешната реализација на настанот.











