РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра на сениорската репрезентација за пласман на ЕП Полска 2016

РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра на сениорската репрезентација за пласман на ЕП Полска 2016

Ракометната Федерација на Македонија денес ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на ЕП Полска 2016. Македонија обезбеди „виза“ за Полска со две победи над националната селекција на Швајцарија и една над Чешка во рамки на квалификацискиот циклус.

Ова е четврти обезбеден пласман на македонските машки сениори на големите континентални натпреварувања.

На ЕП Полска 2016, Македонија ќе се натпреварува во групата А, против актуелниот светски шампион Франција, домаќинот Полска и против Србија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести