Реализирана третата и последна фаза од СМАРТ програмата

Реализирана третата и последна фаза од СМАРТ програмата

Ракометната Федерација на Македонија ја заокружи третата и последна фаза од СМАРТ програмата, преку која во соработка со Европската ракометна федерација (ЕХФ) и со Агенцијата за млади и спорт на Р.Македонија (АМС), додели комплетна опрема и реквизити за ракомет на вкупно 24 училишта ширум државата, меѓу кои 12 основни и 12 средни училишта.

Во оваа трета фаза, РФМ додели ракометна опрема во вредност од 10.000 евра, која вклучува ракометни топки, мрежи, експандери за раце, маркери, конуси за тренинг и други реквизити.

Ракометната опрема е доделена на Сојузот на училишни спортови на Р.Македонија и ќе биде распределена низ основните и средните училишта кои настапуваа во финалната фаза од натпреварите на државното првенство минатата учебна година.

Со оваа трета фаза, се комплетира тригодишната развојна програма СМАРТ во која вкупно беа одделени преку 50.000 евра за развој на училишниот спорт во државата, а опремени беа 41 образовна установа во 12 различни градови низ Македонија.

Ракометната Федерација на Македонија, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и останатите релевантни спортски субјекти и во иднина ќе продолжи со поддршка на развојот на ракометната и спортска едукација на децата од сите возрасти.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024