Преноси во живо од сите натпревари во машката Суперлига

Преноси во живо од сите натпревари во машката Суперлига

Сезоната 2015/16 во елитното машко ракометно натпреварување почнува викендов, а покрај преносите од одредени натпревари што ќе се емитуваат на Македонската Радио Телевизија, преноси (live stream) на интернет-страницата на РФМ ќе бидат емитувани од сите средби од Суперлигата.

Првото коло од сезоната почнува во петок од 20:00 часот со натпреварот на кој ќе се сретнат Работнички и Охрид, додека во текот на викендот ќе се одиграат и средбите Пролет – Радовиш, Прилеп – Пелистер и Борец – Металург 2. Колото ќе се комплетира во среда со дуелот помеѓу Вардар Јуниор и Металург.

Сите пет натпревари од првото коло, како и сите останати средби во текот на сезоната од Суперлигата, ќе се емитуваат во живо на следниот линк: https://macedoniahandball.com.mk/?page_id=2219

Распоредот на натпреварите по кола е достапен на: https://macedoniahandball.com.mk/?page_id=888

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на