Почитувани претставници на медиумите,
Ракометната Федерација на Македонија Ве известува дека по повод претстојниот квалификационен натпревар помеѓу националните селекции на Македонија и Чешка за ЕП2016 Полска, на 12.06.2015 (петок)ќе се одржи прес-конференција во конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 13 часот.
Натпреварот ќе се одигра на 14.06.2015 (недела) во 17:45 ч.
Претставниците на медиумите кои согласно процедурата имаат поднесено барање за акредитација, истата треба да ја подигнат пред почетокот на утрешната прес-конференција.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија