Фото: Мукаетов, Милошевски и Каевски ги поздравија Младинците пред заминувањето за Доха

Фото: Мукаетов, Милошевски и Каевски ги поздравија Младинците пред заминувањето за Доха

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, заедно со Генералниот Секретар, Филип Милошевски и Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт на Р.Македонија, Дарко Каевски, беа присутни на последниот тренинг на Младинската репрезентација на Македонија (до 21 година) пред заминувањето за Доха и подготвителните средби со Катар пред настапот на Светското Првенство. Мукаетов, Милошевски и Каевски ги поздравија нашите млади ракометари и стручниот штаб, посакувајќи им успех во значајниот период кој им претстои.

Младинците вечерва го одработија последниот тренинг во Скопје, а за утре е предвидено заминувањето за Доха каде на 11 и 12 јули ќе одиграат две пријателски средби со домаќинот Катар, кои воедно претставуваат и последна подготовка за СП во Алжир. Пред тренинзите во Скопје, избраниците на Иле Темелковски одработија физички подготовки во Маврово.

Младинската репрезентација на Македонија настапот на Светското Првенство го почнува на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци ќе се сретнат уште со Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Четирите најдобропласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.

IMG_4314

IMG_4318

IMG_4319

IMG_4320

IMG_4321

IMG_4324

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации