Младинците го освоија ЕХФ Шампионатот во Скопје

Младинците го освоија ЕХФ Шампионатот во Скопје

Машката младинска репрезентација на Македонија (до 20 години) со триумф против Белорусија во финалето, го освои златото на ЕХФ Шампионатот што во изминатиот период се играше во Скопје и со тоа обезбеди учество на наредното Европско Првенство што ќе се игра во оваа младинска категорија.

Избраниците на Данило Брестовац на најдобар можен начин се претставија во репрезентативниот дрес на последниот натпревар од Шампионатот и со триумф од 29-23, апсолутно заслужено се искачија на победничкиот пиедестал. Македонија водеше во текот на целата средба и со рутинска завршница ја израдува повеќеилјадната публика во СЦ „Борис Трајковски“.

„Немам зборови да опишам колку сум горд на овие момци“, изјави селекторот Данило Брестовац по финалето. „Го одигравме најдобриот натпревар на турнирот, се беше на свое место, многу сум среќен што победивме и го освоивме Првенството. Ова беше преубава недела, како некој сон“, заврши Брестовац.

Марио Танкоски по завршувањето на турнирот беше избран за најдобар лев бек на Првенството, а Македонската репрезентација како победник на Шампионатот, во 2020 година ќе игра Европско Првенство. На ЕП се пласира и селекцијата на Чешка која го освои ЕХФ Шампионатот во Црна Гора, додека од Европското Првенство годинава испаднаа селекциите на Русија и Полска.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024