Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го почнува квалификацискиот турнир за Светското Првенство 2018 што се игра на Исланд. Избраничките на Јулијана Дамчевска вечерва од 20:00 часот го отвораат турнирот со натпреварот против домашната репрезентација.
Покрај Македонија и Исланд, во нашата квалификациска група се и селекциите на Германија и Литванија. Турнирот се игра три дена, по што првопласираните две селекции од групата обезбедуваат учество на светскиот собир.
Македонија на овој турнир ќе биде претставувана од 17 ракометарки:
Јована Мицевска, Амра Илјаз, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Јана Калајџиевска, Леонида Гичевска, Марија Гугуљанова, Мила Трајковиќ, Ана Марија Божиновска, Јована Кипријановска, Пена Граматова, Марија Тасевска, Ивона Трпевска, Марија Гајиќ, Аида Брунчевиќ, Аида Смајлоска, Јована Владева.
Пренос од сите натпревари на турнирот во живо (live stream) е најавен на следниот линк: https://goo.gl/F1HtY7
Распоред на натпревари:
23.03.2018 (петок):
18:00 Германија – Литванија
20:00 Македонија – Исланд
24.03.2018 (сабота):
15:00 Литванија – Македонија
17:00 Исланд – Германија
25.03.2018 (недела):
11:30 Македонија – Германија
13:30 Исланд – Литванија