Македонските кадети со пресврт го совладаа Косово

Македонските кадети со пресврт го совладаа Косово

Иако на полувреме заминаа со негатива од 15-13, избраниците на Иле Темелковски во вторите 30 минути примија речиси двојно помалку голови и со пресврт славеа против селекцијата на Косово со 25-23. Со четири победи од исто толку натпревари, нашите кадети утре го очекуваат дербито против Унгарија кое ќе решава за пласман во финалето на ЕХФ Шампионатот.

И покрај добриот почеток на нашите кадети и водството од три голови, пред крајот на првото полувреме следуваше пад во играта, пред се во одбраната, кој му донесе на тимот на Косово предност на паузата од 15-13. Сепак, во второто полувреме, мотивирани за пресврт нашите ракометари успеаја да изедначат, а во неколку ситуации и да поведат со по 2 голови предност. При резултат 23-21 за Македонија на 5 минути до крајот, нашиот тим се најде во ситуација да игра со двајца ракометари помалку на теренот, но и покрај тоа што Косово успеа да изедначи на 23-23, завршницата повторно и припадна на Македонија за конечен триумф од 25-23.

Голманот Матеј Петковски имаше неколку значајни одбрани во второто полувреме и го доби признанието за МВП на мечот. Најпрецизен во нашите редови беше Димитар Димитриоски со 8 голови, Јагуриновски додаде 5 гола, а Арсеновски беше стрелец на 4. Петровски и Танковски постигнаа по 3 голови, а во листата на стрелци се запиша Мице Шилегов со 2 гола.

Ова е четврта победа од исто толку натпревари за Македонија на ЕХФ Шампионатот, а во групната фаза преостанува уште дербито против Унгарија кое на програмата е во сабота од 18:00 часот по македонско време и кое ќе претставува директна битка за пласман во финалето на турнирот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на