Женската кадетска репрезентација на Македонија одигра одличен турнир на Светското училишно првенство што се одржа во Скопје и избори пласман во големото финале.
Во финалниот натпревар, нашите ракометарки беа поразени од селекцијата на Хрватска со резултат 28:26, по голема борба и неизвесност до самиот крај.
Со својата игра, пожртвуваност и тимски дух, девојките достојно ја претставија Македонија.
На натпреварот присуствуваа претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, како и министерот за спорт, Борко Ристовски.
Браво девојки!










