Македонија со две места во групната фаза од машката ЛШ

Македонија со две места во групната фаза од машката ЛШ

Осумкратниот македонски првак Вардар и следната сезона ќе биде дел од европската ракометна елита, откако ЕХФ го прифати барањето за вајлд карта, па „црвено-црните“ ќе бидат дел од најдобрите 24 ракометни тимови. Со тоа Македонија повторно ќе има две екипи во најсилното клупско ракометно натпреварување во Европа, бидејќи Металург како шампион имаше обезбедено директно место.

Втора сезона по ред две македонски екипи ќе играат во групната фаза, а лани и Вардар и Металург стигнаа до четврт-финалето, што е најголем клупски успех за двата скопски тима.

Ракометната федерација на Македонија ги направи сите можни напори да угрира кај ЕХФ, и в година да има две екипи од Македонија во групната фаза, и успеа во тоа.

Покрај Вардар директно во групната фаза ќе учествуваат уште пет екипи кои не беа шампиони на своите земји: Пик Сегед, Висла, Алборг, ПСЖ и Монпелје.

Во квалификациите ќе играат Констанца на Бранко Ангеловски и Звонко Шундовски, Алпла Хард (Австрија), Бешикташ (Турција), Хаслум (Норвешка), Инитија Хаселт (Белгија), Жуниор Фасано (Италија), Мешков Брест (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Порто (Португалија), Татран Прешов (Словачка), Војводина (Србија) и Таргос Бево (Холандија).

Од сите нив три ќе добијат место во главниот турнир, а квалификациите ќе се одвиваат во нов систем, со своевидна фајналф-завршница. Ждрепката за квалификациите ќе се случи на 26 јуни, а на 27 Вардар и Металург ќе ги дознаат противниците во групната фаза.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024