Македонија – Полска за почеток на Олимписките квалификации

Македонија – Полска за почеток на Олимписките квалификации

Денеска од 20:30 часот во ЕРГО Арената во Гдањск, нашата сениорска машка репрезентација ги почнува Квалификациите за ОИ со дуел против домаќинот на квалификацискиот турнир, Полска.

Утринава репрезентативците одработија уште еден тренинг во ЕРГО Арената, како последна подготовка пред значајниот настап. Максимално мотивирани, фокусирани и подготвени му пристапуваат на големиот предизвик, со единствена цел – пласман на Олимписките игри и испишување на нова страница во македонската спортска историја.

Пред натпреварот Полска – Македонија, со почеток од 18:00 часот квалификацискиот турнир ќе го отворат Тунис и Чиле. Според распоредот на натпревари, Македонија утре се среќава со Тунис, а во недела ќе го затвори турнирот со дуел против Чиле. Најдобропласираните две репрезентации ќе обезбедат пласман на Олимписките игри во Рио.

DSC_0027

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести